Неодамна во Грузија беше отворен висечки бар, изработен од стакло, во форма на дијамант. Тој се наоѓа на средина на мост над кањонот Дашибаши.
Мора да признаеме – ова е идеално само за тие кои не се плашат од височина и кои немаат проблем извесно време да висат во воздух, додека низ проѕирниот под можат да го видат длабокиот кањон.
Длабочината е најмалку 280 метри.
Инвестицијата за отворање на овој бар е вредна 37 милиони евра и е финансирана инвестициската група Кас, која постои во Грузија и Израел.