Ден

Како најбезбедно да се сончате на плажа?

Иако голем дел од златните правила на сончањето веќе ви се добро познати, никогаш не е лошо да ги повторите и уште поважно, да ги применувате на дело. Пред сè, запаметете дека дури ниту најквалитетниот лосион за сончање, со највисок заштитен фактор, не нуди 100% заштита од УВ-зрачењата.

Убавото време мами да поминуваме подолг период надвор, изложени на сончевото зрачење. Но, кремите со заштитен фактор не секогаш се доволна заштита од УВ-зраците, дури и ако веќе имате потемнет тен.

Поради тоа, избегнувајте да бидете долго изложени на сонце меѓу 10 и 16 часот, кога зрачењата се најсилни. Задолжително користете козметички производ со соодветен заштитен фактор и внимателно прочитајте на упатството за употреба колку време сте заштитени и кога повторно треба да нанесете.

Понекогаш ниту чадорот за на плажа не е доволна заштита, а дури и кога сте под апсолутна сенка, ултравиолетовите зрачења стигнуваат до вас. Потсетете се само колку пати сте добиле „боја“ дури и кога сте биле цел ден под чадор.

Кога е во прашање бојата на облеката, белата маичка помалку ќе привлекува топлина, но ве штити како производ со заштитен фактор од 6 до 9, додека пак темната облека ја привлекува топлината, но заштитува како заштитен фактор 15.

Дури и во последните денови од одморот, кога веќе сте добиле летен тен, треба да продолжите со нанесување креми или лосиони со заштитен фактор. Нанесувајте соодветни креми за лицето и за ушите и заштитете ги вратот и деколтето. Не заборавајте на шеширот, ниту на квалитетните очила за сонце.

Заштитните креми треба да се нанесат 15-30 минути пред излегување на сонце. Обновувајте ги по секое капење, бришење со крпата или потење, бидејќи на овој начин се измива 30-40% од нанесената количина.

Поврзано

Полска, Шпанија, Италија… Кој би организирал Евровизија ако Украина не може?

Elena

Член на кралското семејство откри зошто принцот Луи беснееше на прославата на кралицата

Elena

Годинава ќе се пие поскапо пиво на Октоберфест

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com