Тело на маж од 46 години било извлечено од Сава во Белград, откако неколку часа претходно било извлечено тело на повозрасна жена.
Сите докази укажуваат на тоа дека се работи за мајка и син. Постојат наводи дека е пронајдено и проштално писмо, но српската полиција засега не излегува со детали кои би можеле да ја попречат истрагата.
Само неколку часа откако било пронајдено телото на жената, пријавено било дека е пронајдено уште едно тело, закачено на сплав, на возрасен маж.
Настанот се случил во урбаната белградска населба Макиш.