Ден

Дизелот и бензинот ги изедначија цените – еве каква ќе биде состојбата по полноќ

Дизелот поскапува, а бензините поевтинуваат по полноќ. Првпат горивата се изедначуваат во цените.

Дизел горивото по полноќ ќе поскапи за половина денар, додека цената на бензинот ќе се намали за 1,5 денари по литар, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање.

Според најавата од Бислимоски, литар дизел – гориво ќе се продава за 110 денари, колку што со намалувањето за 1,5 денари ќе изнесува и цената на бензинот од 95 октани, односно 110 денари, а пак бензинот од 98 октани ќе има цена од 112 денари.

 

Поврзано

Град Скопје го објави повикот: Еве како можете да аплицирате за субвенција за инвертер

Elena

Без вода дел од корисниците од скопската населба Бутел

Elena

Во пакет со смрзнато пилешко најден кокаин наменет за трговец од Македонија

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com