Починатото момче кое се удави во Црна Гора, е 21-годишен тетовец, Енис Халили, откри Клан Македонија.
Тој заминал на сезонска работа во туристичкото место Утјеха, помеѓу Улцињ и Бар.
Момчето влегло да се искапе во морето, но веројатно го повлекле силни морски струи и се удавил. По два часа, спасувачите успеале да го пронајдат мртвото тело на момчето.
Како што соопшти македонското МНР по добиените официјални информации од властите на Црна Гора, првичниот увид утврдил дека станува збор за давање, зашто на телото на починатиот немало траги на насилство.