Ден

Уште еден оскаровец уапсен за сексуално злоставување

Се повеќе актерки и жени се охрабруваат да зборуваат за злоупотребитена холивудските моќници, кои барале секс од нив.

Вечра е уапсен Пол Хагис, оскаровец, сценарист на „Девојка од милион долари“.

Тој бил пријавен од млада жена чиј идентитет полицијата не го открива. Девојката го обвинила дека ја принудил на сексуален однос во Остуни, каде Хагис за време на неговиот дводневен престој требало да одржи серија курсеви на новиот филмски фестивал „Allora Fest“ што ќе се одржи од 21 до 26 јуни.

Италијанската полиција извести дека жената била однесена на аеродромот во Бриндизи во неделата наутро и била оставена таму и покрај нејзината „неизвесна физичка и психичка состојба“. Таму ја пронашле членови на персоналот на аеродромот кои ѝ помогнале да стигне до болницата во која добила соодветна помош. Потоа го пријавила случајот во полиција.

Ова не е првпат Хагис да се соочи со вакви обвинувања. Во 2018 година, публицистката Хали Брест го тужеше тврдејќи дека ја силувал во нејзиниот стан во Њујорк, САД, во 2013 година, а по нејзините наводи, уште три жени се јавија со обвинувања за сексуално недолично однесување.

Засега нема пресуда по овие обвинувања, бидејќи судењата беа одложувани поради ковид-19.

 

Поврзано

Користите ли третман за околу очи? Ова е правилниот начин на нанесување

Elena

Неколку причини за поголемо уживање во вкусот на кајсиите

Elena

Познатиот актер киднапирал тинејџерка, ја намами полицијата, па исчезна од социјалните мрежи

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com