Ден

Пронајдени изнемоштени и дехидрирани: Две лица се изгубиле кај Кожле

Во спасувачка акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за внатрешни работи денеска се спасени два велосипедисти кои залутале во пределот после скопското село Кожле.

Како што информираат од ЦУК, велосипедистите залутале барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото, а кога биле пронајдени во суровиот предел без вода биле многу дехидрирани и снеможени. Живописната црква и гробишта се на неколку километри пред, односно над, реката Пчиња оградени со камена ограда, но и со вегетација којашто ги затскрива од поглед.

По добивањето на информацијата околу 15:00 часот, преку телефонскиот број 112 од Секторот за операции и координација во ЦУК веднаш биле активирани искусните оперативни дежурни работници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Град Скопје.

Изгубените велосипедисти живи и здрави, се пронајдени околу 16:00 часот.

Акцијата за спасување е координирана и во директна комуникација на ЦУК и со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи – Полицијата и со Брзата помош.

Поврзано

МНР: Лавров не може да лета над Македонија

admin

Петок пред Духовден – неработен ден за православните граѓани

admin

Стигнала сомнителна пратка: Евакуација на плоштадот „Трафалгар“ во Лондон

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com