Ден

Совет на амбасадори: Владата да го сочува достоинството на нашите граѓани и да ги почитува и опстои на црвените линии

По повод францускиот предлог за одблокирање на пристапниот пат на Северна Македонија кон ЕУ, Советот на амбасадори смета дека членството во ЕУ нема алтернативи и е не само од стратешко значење за нашата држава туку и безбедносно прашање за целиот регион, реагира Советот на амбасадори.

„Во оваа насока, Советот ги поздравува напорите на Претседателот Макрон и на Канцеларот Шолц, како и на другите лидери и дипломати на ЕУ и САД, кои активно ја подржуваат интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Во отсуство на јавна објава на интегралниот текст на Францускиот предлог, кој ја бранува македонската јавност и создава бројни негативни реакции кои го јакнат евроскептицизмот и национализмот во државата, Совет на Амбасадори смета дека треба најнапред да се добие целиот текст, внимателно да се анализира, а потоа да се заземат соодветни позиции кои ќе ги одразуваат долгорочните национални интереси на државата и нејзините граѓани“, стои во соопштението.

Советот на Амбасадори смета дека преговарачката рамка претставува мултилатерален документ, чија намена е да послужи како водилка за темелно реформирање и пристапување на државата- кандидат кон Европската Унија.

„Отттука, Советот изразува надеж дека земјите-членки на ЕУ ќе усвојат рамка која ќе го отсликува мултилатералниот карактер на документот, а Бугарија ќе биде на ниво на пријателска држава во чиј национален интерес е соседната држава Северна Македонија да стане полноправна членка на ЕУ. Советот смета дека утврдувањето на „Преговарачката рамка“ и управувањето со механизамите за нејзино спроведување треба да биде реализирано од Брисел, а не Софија. На тој начин ќе се намали можноста за „зачестени блокади“ на пристапниот процес, од што најмногу стравуваат граѓаните на нашата држава“, велат од Советот.

Од таму велат дека се надеваат и очекуваат ЕУ да има доволно чувство за реална проценка на политичката состојба во Македонија и да не го условува почетокот на преговорите со донесувањето на уставните промени, туку таквиот процес да биде поместен за кога тоа ќе го дозволат политичките и општествените услови.

„Совет на Амбасадори уште еднаш подвлекува дека сегашниот консенсуален начин на донесување на одлуки ги блокира процесите на одлучување во Унијата, и неодамнешната констатација на Канцеларот Олаф Шолц дека „ЕУ треба да ги модернизира структурите и процесите за носење одлуки„ го смета за вистински исчекор кон нејзино реформирање. Совет на Амбасадори апелира до Владата да го сочува достоинството на нашите граѓани и да ги почитува и опстои на црвените линии за зачувување на идентитетот и интегритетот на Република Северна Македонија“, соопштуваат од Советот на амбасадори.

Поврзано

Франција со засилен ангажман за кревање на ветото и старт на преговорите

admin

Џонсон се обрати пред пратениците на Конзервативната партија, која денеска ќе гласа за недоверба на својот челник

admin

Мицкоски побарал од Генчовска да се тргне ветото за Македонија

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com