Ден

Француска министерка обвинета дека силувала две жени додека работела како гинеколог

Париското обвинителство денеска соопшти дека е отворена истрага во врска со наводите за силување против француската министерка за развој и меѓународни партнерства, Крисула Захаропулу и посочи дека случајот се однесува на периодот кога таа работела како гинеколог.

Првата пријава за силување била поднесена на 25 мај, по што била покрената истрага на 27 мај, а втората пријава била поднесена на 16 јуни.

Захаропулу работела како гинеколог пред да се вклучи во политиката.

Француските медиуми објавија дека се работи за таканаречено гинеколошко силување, односно пенетрација што е направено без согласност при лекарски преглед.

Захаропулу, поранешен европратеник со грчко потекло, ѝ се приклучи на француската влада на 20-ти мај. Како и новата премиерка Елизабет Борн, таа важи за една од најмоќните политичари во владата на Макрон.

Поврзано

Пукање во основно училиште во Тексас: Убиени најмалу 19 ученици

Elena

Бајден за Путин: Тој е касап

admin

Додик: Јас сум против воведување санкции кон Русија, треба да останеме неутрални

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com