Ден

Вархеји: Сите бугарски грижи сега се дел од преговарачкиот процес

Сега е моментот за одговорни одлуки и Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија, објави денеска на Твитер еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

– ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни, наведе Вархеји во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.

На средбата на лидерите на ЕУ и на шефовите на држави или влади на државите од Западен Балкан, ќе учествува и премерот Димитар Ковачевски.

Поврзано

Сончев ден со мала облачност

Elena

Шолц бара реформи во ЕУ за правилата за гласање

admin

Починат човек пронајден во стан во Кисела Вода

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com