Ден

(ВИДЕО) Тензичен разговор на Ковачевски и Петков во Брисел

Советот на Европа денеска објави видео од Самитот на Европската Унија за Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски.

Меѓу видеата кои беа објавени, а снимени пред почетокот на Самитот, можеше да се забележи снимка на која Ковачевски разговара со премиерот на Бугарија, Кирил Петков, а разговорот наликува на остра расправа меѓу двајцата лидери.

По Самитот, премиерот Ковачевски пред медиумите во Брисел посочи дека за владата, предлогот на официјален Париз е неприфатлив, но и дека единствено прифатливо би било преговарачка рамка без билатерални прашања во неа и чист македонски јазик.

Поврзано

Блокада на влез и излез од Скопје кај Автокоманда – ССМ излезе на најавениот штрајк

Elena

Министерскиот совет на БиХ одобри дел од парите за изборите, недостасуваат уште 1,5 милиони евра

admin

Ковачевски: Продолжуваме со поддршка за компаниите за раст на економијата и за нови работни места

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com