Ден

Вучиќ: Не сум сигурен дека ќе се најде решение за Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева, но не е сигурен дека ќе се најде решение за тргање на бугарското вето и деблокада на евроинтеграцијата на Македонија.

– Разговарав утрово со премиерот Димитар Ковачевски и се надевам, но не сум сигурен, рече Вучиќ во изјава за новинарите во Брисел пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Валкан.

Прашан дали за него е прифатлива билатертилација на процесот на пристапување во ЕУ како што бара Бугарија, Вучиќ одговори дека истото му е направено и на Белград со Приштина со поглавјето 35.

– Не можам да кажам дека господинот Ковачевски е среќен, ќе видиме што ќе се случи, додаде Вучиќ.

За односот на Белград кон Скопје, Вучиќ рече дека Македонија за Србија е братска и пријателска земја.

– Се што чувствувате вие во Скопје, чувстуваме и ние во Белград. Ние ништо не очекуваме од вас. Очекуваме да ги развиваме пријателските и братски односи и верувам дека секогаш и на европскиот и на сите други патиша ќе бидеме заедно, додаде Вучиќ.

Поврзано

Мицкоски тврди дека имало обид да биде убиен, интервенираше МВР

Elena

Бидете многу внимателни! Брендови на кои им веруваме искористени за измами преку Фејсбук

Elena

Македонија, Србија и Албанија ги поврзуваат системите за патарини

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com