Ден

Мишел: Овој самит е од геополитичко значење

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел пред самиот почеток на Самитот на ЕУ, денеска истакна дека Унијата е пред важен одлучувачки геополитички момент, бидејќи ќе се носат одлуки во полза на стабилноста и просперитетот.

Тој изрази уверување дека на Самитот на ЕУ ќе биде донесена одлука за кандидатскиот статус на Украина и Модлавија, како и јасна европска перспектива за тие две земји и Грузија.

-Имаме важен состанок со лидерите на Западен Балкан и постои желба да внесеме нова енергија во нашиот процес. Во моментов имаме проблем во Бугарија и се обидуваме да ставиме предлози на маса за да можеме што поскоро да ги почнеме пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Тоа е нашиот главен приоритет сега и ќе направиме се за да напредуваме во тоа, изјави Мишел.

Мишел, исто така, кажа дека сите напори што БиХ ги презема на патот кон ЕУ имаа позитивни ефекти за намалување на тензиите и дека ЕУ ќе направи се за да ги направи институциите во земјата функционални.

-Овој самит е од геополитичко значење, бидејќи ќе носиме одлуки во корист на стабилноста и просперитетот. Западниот Балкан е приоритет за нас и ќе се посветиме на внесување нова енергија во процесот на интеграција, нагласи Мишел.

Поврзано

Пациентка од Психијатрија „Демир Хисар“ паднала од возило

Elena

Над 307 илјади станови во Македонија се ненаселени

admin

ОЈО побара притвор за Ламбе

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com