Премиерот на Албанија, Еди Рама пред медиумите во Брисел посочи дека земјите – членки на Европската Унија покажуваат страшно ниво на импотенција во моменти кога Бугарија ги киднапира Македонија и Албанија.
„Срамота е што земја-членка на НАТО, Бугарија, киднапира две земји-членки на НАТО, Албанија и Северна Македонија, во среде жешка војна на европската граница, а 26 други земји седат мирно, што покажува страшно ниво на импотенција“, рече Рама.
Тој посочи дека Скопје и Тирана никогаш нема да бидат жртва, а истовремено најави европеизација дома, за што вели, клучот е Отворен Балкан.
„Ние знаеме дека во овој пат секаде има по некоја Бугарија. Во исто време, не го менуваме курсот, треба да ја изградиме европа дома. Отворен Балкан е вистинскиот одговор во ситуација кога европскиот пат ќе продолжи напред, но европскиот дух треба да биде изграден во нашиот регион“, истакна Рама.