Ден

Бугарскиот Парламент го крена ветото – на потег се министрите

Со 170 гласови за, Парламентот на Бугарија го тргна ветото врз пристапните преговори на С. Македонија за членство во ЕУ.

Усвоениот документ што го предложи лидерот на Демократска Бугарија Христо Иванов, и дава зелено светло на Владата во оставка на Кирил Петков да ги одобри преговарачка рамка и заклучоците предложени од француското претседателство со Советот на ЕУ за решавање на сложените односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, ако се исполнети неколку услови. – Ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, гаранција за правата на Бугарите во Република Северна Македонија преку нивното вметнување во Уставот, ништо во пристапниот процес на РСМ да не биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија, и гаранции од ЕУ дека сето ова ќе биде исполнето, се условите што ги поставува Софија. Ова решение го подржаа пратениците од „Промената продолжува“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Демократска Бугарија“ (ДБ). „Има таков народ“ (ИТН) и „Преродба“ се против, а од „БСП за Бугарија“ воздржани.

Веднаш штом Парламентот ја донесе одлуката, наведува Новините, Тошко Јорданов од „Има таков народ“, кој е и собраниски спикер, ја прочита позицијата на партијата, според која Пеевски, Борисов, Петков и Иванов „го зае**ле своето достоинство и националната свест“.

Ова е прв чекор во давање зелено светло за отстранување на ветото и започнување на пристапни преговори меѓу Македонија и ЕУ.

Ако оваа одлука биде прифатена од Советот на министри, Брисел ќе биде писмено известен.

Поврзано

Ковачевки: Превремените избори нема да ги решат проблемите, ги отфрламе деструктивните политики на дел од опозицијата

Elena

На потег е Вселенската патријаршија: СПЦ и официјално ја призна МПЦ-ОА

admin

Ковачевски: Со растот на платите покажавме дека работниците ни се на прво место

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com