Ден

МВР со детали за трагичната сообраќајка на скопска Обиколница

На 26.06.2022 околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(49) од с.Горно Нерези, скопско, и мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.В.(45) од с.Трубарево, скопско.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала К.В.(40) од Скопје, сопатничка на мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Исто така, со телесни повреди се здобиле Р.И. и сопатникот од возилото Е.К.(45) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Поврзано

Санирана дупката на мостот на Маркова Река

Elena

Вработени во ЕВН „распродавале“ земјиште за фотоволтаици, обвинителството бара притвор за сите

Elena

Зеленски: Русија е побројна во Северодоњецк, но можеме да возвратиме

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com