Ден

Мицкоски тврди дека имало обид да биде убиен, интервенираше МВР

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук објави фотографија на која се гледаат неколку лица, посочувајќи дека едниот од нив требало да го убие.

– Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР, наведе Мицкоски во објавата.

Мицкоски вечерва учествува на протесниот марш што со одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, кој започна пред Владата, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за надворешни работи, од каде продолжија пред Собранието.

На раскрсницата пред плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија дојде до вербални дофрлувања меѓу демонстрантите и група луѓе, а очевидци тврдат и дека се слушнале и истрели, но полицијата интервенираше и ги раздели групи, спречувајќи евентуален поголем инцидент.

Лицето кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го посочува дека се обидело да го убие е приведено во полициска станица, изјавија од МВР за МИА.

Од МВР велат дека засега немаат дополнителни информации за случајот.

Мицкоски на Фејсбук вечерва објави фотографија на која се гледаат неколку лица, посочувајќи дека едниот од нив требало да го убие.

Поврзано

Премиерот Ковачевски се поклони и положи цвеќе пред спомен плочата на Светите Кирил и Методиј во Санта Марија Маџоре во Рим

admin

Македонија со 1.836.713 жители, 51 лицe има над 100 години

admin

Француски предлог за кревање на ветото: Скопје и Софија бараат гаранции од ЕУ

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com