Ден

Претседателот Пендаровски со апел да се протестира достоинствено и без насилство

Претседателот Стево Пендаровски упати апел до сите организатори на протестите, кои овие денови се одвиваат во Северна Македонија, да преземат одговорност и нивното демократско право да протестираат да продолжат да го практикуваат достоинствено и без насилство. Истовремено, како што е наведено во соопштението од неговиот Кабинет, најостро го осудува носењето и користењето на огнено оружје од цивили и граѓани на земјава, кои не се припадници на органите за безбедност.

-Неприфатливо е користење на насилство и поттикнување насилство во политички цели. Настанот кој се случи вчера во Скопје не смее да се повтори бидејќи нема ништо позначајно од мирот и безбедноста на сите граѓани, истакнува Пендаровски.

Вчера полицијата, како што вели претседателот Пендаровски, имаше навремена реакција која спречи поголеми судири.

– Очекувам сите лица кои вчера беа инволвирани во инцидентот да бидат приведени и соодветно санкционирани во најкус можен рок, нагласува Пендаровски.

Поврзано

ДУИ распишува конкурс за претседатели и членови на ограноци

admin

Ковачевски: Нема француски предлог, Скопје и Софија треба да изнајдат решение

admin

Предложен притвор за малолетникот кој со автомобил усмрти жена на „Пластичарска“

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com