Еден турист од Македонија е спасен, а по двајца се трага, кои исчезнале во водите на Егејско Море, на плажата Посиди.
Плажата е позната по тоа што го менува изгледот поради присуството на морските струи и силните бранови.
На плажата „Мити“ пливале туристи, пренесува Екатемерини повикувајќи се на локалните медиуми.
Како што јави грчката телевизија „Скај“, исчезнатите го прославувале роденденот на забава на плажа. Тие скокнале во водата и ги однела струјата.
Крајбрежната стража била информирана од капачи кои виделе како тројцата млади момчиња ги понесле брановите и морската струја.
– Местото е премногу опасно и затоа локалното население никогаш не оди таму. Имаше многу бранови и ветер и во тој момент се спојуваат струите на двете мориња и тоа е многу опасно – рече градоначалничката на Касандра, Анастасија Чалкија, нагласувајќи дека штом ќе се стемни ќе биде тешко да се продолжи со потрагата.
Во спасувачка акција на плажата Мити во Посиди според локалните медиуми учествуваат брод на крајбрежната служба, еден рибарски чамец и хеликоптер на военото воздухопловство.