Ден

Потрагата по исчезнатиот Мартин продолжува и денеска

Според информациите на грчките надлежни служби, потрагата по нашиот исчезнат државјанин во Грција продолжува и денеска, шести ден.

Како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население.

– Нашите претставништва остануваат во постојан контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатото момче, и секоја нова информација навремено ќе биде пренесена, информираа од Министерството за надворешни работи.

Поврзано

Санирана дупката на мостот на Маркова Река

Elena

ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да го задржи седиштето и преку Стразбур

admin

Попладне дожд, за викендот многу топло

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com