Ден

Јанчев преку ФБ добивал закани дека „нема да умре од болест или старост“

Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело „Загрозување на сигурноста“.

Лицето, како што информира Jавното обвинителство, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатило закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев дека „нема да умре од болест или старост“.

Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определи мерка куќен притвор во траење од осум дена на осомничениот.​

Поврзано

Напаѓачи на полицајци испратени на психијатриско лекување

Elena

Без вода дел од корисниците од скопската населба Бутел

Elena

Познати причините за давењето на момчето во Црна Гора

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com