29 години македонски денар

Поминаа точно 29 години од монетарното осамостојување на Македонија и прогласување на денарот како национална платежна валута.

Монетарниот суверенитет е една од основните компоненти на суверенитетот на секоја држава. Денес, изминуваат точно 29 години од поставувањето на темелите на нашата монетарна самостојност – денот кога денарот го замени југословенскиот динар, а Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка, исправена пред бројните предизвици во тие турбулентни времиња на раздвојување од дотогашната југословенска држава.

Од 26 април 1992 година, НБРМ има ексклузивно право на печатење на македонскиот денар.

Во оптек се метални монети со деноминации од 1, 2, 5, 10 и 50 денари, како и хартиени банкноти со деноминации од 10, 50, 100, 200, 500, 1000 и 2000 денари. Банкнотите од 10 и 50 денари кои се влезени во оптек 1996 година се заменети со нови, полимерни банкноти, а истите се повлечени од оптек. Банкнотата од 5000 денари исто така е повлечена од оптек.

Еден денар се состои од 100 дени, но дените повеќе не се користат.

Првите денари во Собранието на РМ ги презентираше тогашниот премиер Никола Кљусев.

„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“, беа неговите зборови во 1992 година.

Низ годините имаше неколку промени на дизајните на банкнотите, а денешните се користат од доцните 90-ти наваму.

loading...

Останати вести

Собранието ја продолжи кризната состојба до 30 јуни

admin

(ВИДЕО) Заев со порака: Да празнуваме одговорно за нашето и здравјето на најблиските

admin

Мицкоски: Почнуваме со собирање потписи за оспорување на Законот за попис

admin