Ден

Aпелација ја одби жалбата на Јанева, останува во куќен притвор

Апелацискиот суд ја одби жалба на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, да се брани на слобода. Со одлуката на судот донесена минатата недела Јанева, и понатаму останува во куќен притвор. Веста ја потврди судијата од Апелацискиот суд, Сафет Кадриу.

Следното рочиште зa “Рекет”, e закажано за 20 јануари, кога и е предвидено да сведочи обвинителката Лиле Стефанова. Претходно сведочеше обвинителката Елизабета Јосифовска. Јанева се наоѓа во куќен притвор од 19 ноември 2019, а претходно, од 21 август 2019, беше во притвор во затворот во Шуто Оризари.

Во случајот „Рекет“, што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева, односно Зоран Милевски – Кичеец, кој на првото рочиште ја прифати вината и доби три години казна затвор.

Можеби ќе ве интересира:

Боки 13: Јас сум во притвор, а Кичеец шета низ Скопје со својата паравојска

Нови 89 заразени и седуммина починати од коронавирусот

Александар Тодески

Заев: Избори ќе има на 5 јули, полицискиот час не е решение за намалување на бројките

×

Следете не