Ден

Мерко се саморазвласти, владата ќе раководи со урбанизмот во Струга

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко преку писмо ги извести премиерот Зоран Заев и вицепремиерите дека се саморазвластува во делот на урбанизмот.

„Јас како градоначалник притиснат од бизнис заедницата и туристичките работници од една страна и континуираното и намерно блокирање на туристичкиот развој и зголемувањето на туристичките капацитети во градот Струга, каде Министерот за Транспорт и врски заедно со комисијата на УНЕСКО одбиваат да донесуваат било каква промена на ДУП-овите, односно ГУП-от, а имајќи ја предвид горенаведената состојба и фактичката состојба во Струга, одлучив да ви ги отстапам ингеренциите во областа на урбанизмот“, вели меѓу другото Мерко.

Тој наведува дека со писмото ќе ги извести дипломатските претставништва, министерствата и медиумите со цел да прекине, како што вели, негативната кампања кон Струга, стржани и него како градоначалник.

Можеби ќе ве интересира:

Катица Јанева поднесе оставка

Ден

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ не кажува дали прифаќаат странски обвинител да ја замени Катица Јанева

Ден

Зеленски: Ќе се укине пратеничкиот имунитет во Украина

Ден
UA-107222993-1