Ден

Заев: Ќе останам запаметен како човекот кој го сменил името на земјата

Премиерот Зоран Заев во интервју објавено на грчката телевизија Алфа, а направено во Скопје, три дена пред изборите во Грција вели дека сега Грција за нас е нов пријател и стратешки партнер и тоа не е мала придобивка, пренесува МИА.

„Јас сум човекот овде во Северна Македонија, кој ќе остане запаметен дека под негово лидерство е сменето името на нашата земја. Но, и како во едно семејство, некогаш во животот мора да направите одредени чекори, не толку среќни, не толку што ве исполнуваат, но заради добро на децата, за добра иднина на семејството, но и на соседството заедно ги правите ваквите чекори. Сега имаме нов пријател и стратешки партнер Грција. Зарем тоа е мала придобивка која што ја добивме? Тоа е голема работа за мене, вели Заев, пренесе МИА.

Можеби ќе ве интересира:

Министрите ќе одмараат во август, Заев ќе оди во Охрид и Грција

Ден

Макрон: Северна Македонија треба уште малку да се стрпи пред да добие одобрение за почеток на преговори

Ден

Лидерската средба ќе се одржи и без Мицкоски

Ден
UA-107222993-1