Ден

Мицкоски: Заев сака да замени една Катица Јанева со друга Катица Јанева

Премиерот Зоран Заев сака да замени една Катица Јанева со друга Катица Јанева. Вака опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во интервју за Република го коментира предлог законот за јавно обвинителство со кој шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција би требало да го води актуелното СЈО, а со новиот закон преименувано во обвинителство за организиран криминал и висока корупција.

„Јасно е дека овој предлог не може да се разбере никако поинаку освен како мајтапење со законите и правната држава. Па не може жената која е персонификација на нестручно работење под политичка палка да се справи со криминалот и да донесе правда. По овој терк фали уште Кацарска да стане врховен судија или претседател на Апелација, па Зоран Заев комплетно да го деградира судството за да може слободно да се додаде префиксот СДСМ во имињата на овие институции. Зоран Заев како што ја фалеше Катица Јанева сега ја фали Вилма Рускоска, и да ви кажам тоа треба да не загрижи, зашто првава е дел од афера тешка неколку милиони евра, а вторава,  како демек има улога да ја расветли, ама никако да стигне до Јанева, нејзините соработници од врхушката на власт, па дури и првиот човек на власта. Ви се молам, ова се сериозни работи, и сметам дека никако не може вака една одговорна функција да се препушти на такви кадри“, вели Мицкоски.

Тој не негира дека Заев може да обезбеди дво-третинско мнозинство преку независната пратеничка група, но вели дека не треба да се донесе законот без главната опозициска група.

„Зоран Заев треба да разбере дека не е повеќе фактор кој може да наметнува услови и диктира темпо. Ако мисли дека може без главната опозициска парламентарна партија да носи вакви крупни закони, тогаш се лаже, а се лаже ако мисли дека повторно со притисоци и закани може да собира гласови на пратеници, зашто веќе земјава му го изгуби стравот на Заев, а неговите денови во политиката се броени“, вели Мицкоски во интервјуто за Република.

Можеби ќе ве интересира:

Рускоска за приведувањето на Јовановски: Биле побарани 8 милиони евра за да се влијае врз обвинител во постапка

Ден

СДСМ закажа седница на Централниот одбор

Ден

Панчевски: Како партал бев избркан од судската зграда, слава на Заев и Шекеринска

Ден
UA-107222993-1