Ден

Пендаровски: Нема да го амнестирам Заев ако направил кривично дело

Нема да го амнестирам Зоран Заев ниту било кого од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле некаков криминал, вели претседателот Стево Пендаровски во неделното интервју на Радио Слободна Европа на прашањето дали помирувањето го гледа како амнестија.

Тој истакна дека на ставот дека нема да аменстира политичар кој ќе направи криминал ќе се држи до крајот на мандатот.

„Јас и тогаш во тие разговори кои ги имавме во одредени неформални форуми, јас го пренесов мојот став и не ми е воопшто тешко тоа да го кажам сега и јавно, дека ако е тоа проблем, јас се сомневам дека тоа е причината дека јас зад помирувањето гледам амнестија за Заев и неговите, ако е тоа потребно, можам и јавно да кажам дека немам никаква намера и денес и во следните пет години да го амнестирам Зоран Заев ако направил криминал и кого било од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле криминал. Тоа можам да го кажам и да се држам до тоа до крајот на мандатот“, вели Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира:

Дачиќ ја учи „Шанзелизе“, сака да му ја пее на Макрон

Ден

Грчкиот министер за одбрана: Ако се почитува договорот од Преспа, може да имаме подобра иднина

Ден

Гаши: Што побрзо да има предвремени избори

Ден
UA-107222993-1