Ден

Синот на Катица Јанева кажал дека вториот телефон и е изгубен во Белград

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупија, Влима Русковска во интервју за Телевизија Сител рече дека синот на Катица Јанева кажал дека таа го изгубила вториот телефон во Белград.

„Кога отидоа од истражниот, мислам дека ми кажаа дека синот на Катица Јанева рекол дека е изгубен телефонот во Белград“, рече Русковска и додаде дека се вршат проверки во таа насока.

Обвинителката додаде дека се проверуваат и апликациите кои се користат за пораки, бидејќи преку нив може да биде вратено се она што било избришано.

„Очекувам да биде најпрво вештачен телефонот на јавниот обвинител, а потоа и други уреди кои се дадени на вештачење“, рече Русковска, која додаде дека очекува до понеделник, најдоцна во вторник да биде завршено вештачењето на телефонот на Катица Јанева.

Можеби ќе ве интересира:

Јовановски на распит, се претресуваат неговиот дом и канцеларијата во 1ТВ

Ден

Заев: Ќе останам запаметен како човекот кој го сменил името на земјата

Ден

Ел Чека до Заев: Ти пропадна планот за рекетирање и уценување

Ден
UA-107222993-1