Ден

Русковска за КОД: Гласот на обвинителката се слуша во снимките – докази за „Рекет“

Гласот на Катица Јанева се слушал во снимките кои бизнисменот Орце Камчев ги доставил до обвинителството, потврдува обвинителката Вилма Русковска за емисијата КОД на ТВ Телма.

КОД: Дали на тие снимки се гледа како осомничените го прават тоа (изнуда) или ја повикуваат Катица Јанева?

Русковска: Па се гледа, а и се слуша.

КОД: Ја повикуваат Катица Јанева, се слуша такво на снимките? Дека и се јавуваат, да потврди нешто?

Русковска: Видете, не можам да зборувам за детали од доказите со кои располагаме. Се слуша разговор со јавен обвинител.

КОД: Пуштен на интерфон?

Русковска: Да.

Сепак, обвинителството не нашло доволно докази освен Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец, во притвор да се најде и Катица Јанева, како осомничена во случајот „Рекет“.

Можеби ќе ве интересира:

Дачиќ ја учи „Шанзелизе“, сака да му ја пее на Макрон

Ден

Села: Добро е што премиерот почнал да ја чувствува силата на Алијансата за Албанците

Ден

Заев: Борисов не ми се јавил да бара заштита за Камчев

Ден
UA-107222993-1