Ден

Спасовски: За МВР да знае каде е Јанева треба да има налог од обвинителството и судот

Министерството за внатрешни работи нема обврска да знае каде се граѓаните во било кој момент, за тоа треба да има налог од обвинител или суд, рече министерот Оливер Спасовски на новинарско прашање дали знае каде е специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева.

„Ако тргнеме од принципот дека Министерството за внатрешни работи треба да знае за секој каде се наоѓа во одреден момент, тогаш тоа не е демократска држава. МВР постапува исклучиво според наредби кои ги издаваат надлежниот обвинител или надлежниот суд“, рече Спасовски.

Тој исто така кажа дека и во МВР има пријави за рекет и дека така треба да се постапува во случаите на изнуда и рекет.

„Имаме случаи на пријавување, не им го знам бројот во мкоментов. За се што е пријавено во МВР, ние сме дејствувале и дејствуваме. Во неколку наврати апелирав, а сега апелирам и посилно, затоа што сметам дека граѓаните сега се охрабрени да пријавуваат, затоа што институциите функционираат неселективно. Секој кој, од кој било аспект има закана, уцена или барање на некаков финансиски надомест, да го пријави случајот, а ние да го сработиме и да ја пратиме пораката до граѓаните дека во Македонија нема и не смее да има заштитени. Без разлика кој е или е близок на одредени политички структури, ќе мора да сноси одговорност. Цела година говорам дека обвинителството и судството мора да застанат на свои нозе и да ги отворат перспективите во борбата против криминалот, а драго ми е што за тоа имаме разбирање. Затоа е битно да се оддели доброто од лошото во институциите, а професионалниот кадар максимално да се заложи да ја преземе улогата на примат“, рече тој.

За заплената на глисерот на Зоран Милевски – Кичеец во Охрид, министерот за внатрешни работи рече дека ставот на МВР е дека треба да се бориме радикално против криминалот и корупцијата и дека секој нелегално и бесправно стекнат имот треба да биде запленет и да биде конфискуван.

„Во сите години на независна Македонија имавме многу малку случаи на конфискација на имот. Тоа праќаше една порака до криминалните структури дека и покрај криминалните активности, стекнатиот имот, нема да биде конфискуван. сега начинот на работењето концептуално е сменет и кај МВР и кај Јавното обвинителство. Паралелно со сите постапки и истраги, се води и финансиска истрага и врз основа на наредбите кои ги добиваме од Јавниот обвинител, ние постапуваме и не само конкретно за еден настан или случај, туку за сите ќе се постапува така и понатаму и секој нелегално стекнат имот, мора да биоде вратен на државата, односно на граѓаните“, додаде Спасовски.

Можеби ќе ве интересира:

Рускоска: Имаме видео и аудио докази за истрагата

Ден

(ВИДЕО) Шекеринска: ЕУ направи историска грешка

Ден

Бибер за преговорите: Француската и холандската политика е несериозна и мотивирана од домашната политика и стереотипите

Ден
UA-107222993-1