Ден

МВР контра Трајчевски: Имал ли Боки 13 обезбедување од МВР?

Случајот „Рекет“ и вмешаноста на специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева беа во фокусот на вчерашното издание на емисијата КОД на ТВ Телма. Во еден дел од емисијата, каде се разговара со директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски за тоа дали се истражува скриено сопствеништво во 1ТВ, каде сопственик е таткото на првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој себе се претставува како сопственик на телевизијата, Трајчевски рече дека Јовановски користел обезбедување од МВР бидејќи како сопственик на телевизија му бил загрозен животот.

„Бојан Јовановски од почетокот на оваа година имал службено обезбедување од МВР, поради добиени закани по емитување на серијата „Инсајдер“,, вели Трајчевски за КОД.

Доколку МВР му дало обезбедување на Јовановски како сопственик на медиум, 1ТВ може да остане без дозвола за работа поради скриено сопствеништво, што би значело згаснување на медиумот.

„Доколку Јовановски добил обезбедување од МВР како сопственик на медиум, иако на формално-правно не е сопственик, тогаш станува збор за тајно содружништво, а тоа не е дозволено и во таков случај се одзема дозволата за работа“, вели директорот на АВМУ.

Од Министерството за внатрешни работи пак, веднаш демантираа. Од таму велат дека Трајчевски наместо да ја штити јавноста од дезинформации, самиот ги шири.

„Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите што во емисијата „Код“ на ТВ Телма ги изнесе директорот на АВМУ Зоран Трајчевски дека наводно лицето Бојан Јовановски имало службено обезбедување од МВР. Тоа апсолутно не е точно. Бојан Јовановски немал службено обезбедување од МВР. Непрофесионално и неетички е Трајчевски, кој е на чело на регулаторно тело на кое му е работа да ја штити јавноста од дезинформации и да внимава на етиката во известувањето, самиот да шири дезинформации“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира:

Ахмети: Македонските партии го девалвираа целиот процес, бараме ветинг веднаш

Ден

Елмас заминува од Фенербахче во Наполи

Ден

Кривичен ги одби жалбите на Боки 13 и Кичеец, остануваат во притвор

Ден
UA-107222993-1