Ден

Партијата на Зеленски победува на парламентарните избори во Украина

Неофицијалните резултати од парламентарните избори во Украина покажуваат дека партијата на претседателот Володимир Зеленски добива целосна моќ.

Според излезноста, 43,9 отсто гласови на денешните парламентарни избори во земјата отишле на конто на неговата партија.

 Излезната анкета на аналитичкиот центар „Разумков“ и на Киевскиот меѓународен институт за социологија се однесуваат само на мандати што се бираат по пропорционалниот модел, но не и за мандати по мнозинскиот систем.

Украинските граѓани денеска се изјаснуваа за вкупно 424 мандати од кои 225 отпаѓаат на пропорционалниот модел, а 199 на мнозинскиот.

На второ место е партијата на тајкунот Виктор Медведчук, кој важи за близок соработник на рускиот претседател, Владимир Путин, кој се залага за понуда за автономија на областите под контрола на проруските сепаратисти на истокот на Украина. Според излесните анкети, место во украинскиот парламент ќе има за уште три листи кои го минаа цензусот од пет отсто добиени гласови.

Резултатите на излезните анкети се засноваат врз основа на анкета на гласачите за кого изразиле поддршка непосредно по излегување од гласачкото место и во неа учествуваа околу 13.000 Украинци.

Можеби ќе ве интересира:

ЗНМ: Случувањата со 1ТВ – последен аларм за итни медиумски реформи

Ден

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ не кажува дали прифаќаат странски обвинител да ја замени Катица Јанева

Ден

(ВИДЕО) СДСМ тврди дека Мицкоски имал средби со Кичеец, ВМРО-ДПМНЕ негира

Ден
UA-107222993-1