Ден

Министрите ќе одмараат во август, Заев ќе оди во Охрид и Грција

Владината прес служба преку соопштение ги истакна дестинациите каде министрите ќе ги поминат годишните одмори.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев дел од годишниот одмор ќе го искористи во деновите после празникот 2 Август, Илинден. Премиерот Заев и неговото семејство деновите од одморот ќе ги поминат во Охрид и во Грција. 

Заменик претседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска оваа година ќе биде на годишен одмор од 25 јули до 5 август, и ќе замине на активен одмор во Скандинавија.

Заменик претседателот во Владата на РСМ и министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски нема одлучено дали ќе оди и каде би одел, додека заменик претседателот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, само неколку дена од својот одмор ќе ги помине во Грција на почетокот на Август.

Заменик претседателот во Владата на РСМ, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, планира својот годишен одмор да го реализира од 2 до 10 август, а за своја дестинација оваа година ја одбра Албанија.

Заменик претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Садула Дураки сѐ уште го нема соопштено својот план за годишниот одмор.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров до сега нема одлучено дали и каде ќе оди на годишен одмор, исто како и министерот за здравство Венко Филипче.

Министерката Дескоска одреден период од својот летен одмор ќе помине во Охрид, но сега за сега без определени датуми заради претстојните разговори за Законот за Јавно обвинителство.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе замине на еднонеделен одмор од 4  до 11 август, но до сега без одлука каде.

Можеби ќе ве интересира:

Пендаровски за „Етнос“: Се надевам и очекувам позитивна одлука од Европа

Ден

(ВИДЕО) Мицкоски очекува чиста дата за отпочнување на преговори со ЕУ

Ден

На Јанева и бил одземен телефон, не и вршеле претрес

Ден
UA-107222993-1