Ден

Заврши вештачењето на телефонот на Јанева, по вториот уште се трага

Документацијата од вештачењето на службениот телефон на Специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева стигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција, потврдуваат од таму.

Вештачењето треба да ги потврди или демантира сомнежите дека обвинителката е инволвирана во случајот „Рекет“, каде осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, но од Обвинителството не даваат информации дали Јанева била инволвирана.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Влима Русковска дала наредба да се земат двата телефона на Катица Јанева, приватниот и службениот, но синот на Јанева, кој е директор во 1ТВ, Лазар Јанев, рекол дека телефонот е изгубен во Белград.

Како што Русковска претходно изјави, две обвинителки од СЈО веќе се понудиле да сведочат во случајот „Рекет“, но се уште нема информација дали тие го сториле тоа.

Можеби ќе ве интересира:

МВР контра Трајчевски: Имал ли Боки 13 обезбедување од МВР?

Ден

СДСМ закажа седница на Централниот одбор

Ден

На Јанева и бил одземен телефон, не и вршеле претрес

Ден
UA-107222993-1