Ден

Заев: Борисов не ми се јавил да бара заштита за Камчев

Бојко Борисов не му се јавил на премиерот Зоран Заев за да бара заштита за бизнисменот Орце Камчев. Ова го тврди премиерот Заев во интервју за БГНЕС.

„Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев, кој е под истрага. Тој не би дозволил такво нешто бидејќи тој е европски премиер и го почитува владеењето на правото. Ние сме европска земја и сакаме да зборуваме за иднината и да направиме модерна политика“, вели Заев во интервјуто.

Можеби ќе ве интересира:

1ТВ: Јовановски не е уапсен, туку задржан на граница

Ден

Елмас заминува од Фенербахче во Наполи

Ден

Кочан во среда треба да се појави во затвор

Ден
UA-107222993-1