Ден

Најден и вториот телефон на Јанева, бил даден на подарок

Обвинителството за организиран криминал и корупција соопшти дека во текот на вчерашниот ден е пронајден и вториот телефон на специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева. Според обвинителството, телефонот не бил изгубен, туку бил даден на подарок.

„Обвинителството со издадено барање  до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице. По што, со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен. Притоа лицето изјави дека телефонот е добиен на подарок“, велат од Обвинителството.

Од таму велат дека во континуитет ги преземеа сите дејствија и мерки во насока на целосно расчистување на кривично правниот предмет.

„Со цел утврдување на натамошни факти, мобилниот телефон по наредба на обвинителството ќе биде предмет на вештачење. Истовремено, обвинителството испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, велат од таму.

Можеби ќе ве интересира:

Жбогар: Случувањата со „Рекет“ не треба да имаат последици врз европерспективите на земјава

Ден

Села: Добро е што премиерот почнал да ја чувствува силата на Алијансата за Албанците

Ден

Пендаровски: Разочаран сум од тоа што деновиве го слушам за СЈО

Ден
UA-107222993-1