Ден

СЈО демантира дека била уапсена Лиле Стефанова

Специјалното јавно обвинителство категорично ги демантира лажните вести дека обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова била уапсена.

Ова доаѓа откако неколку медиуми објавија вест дека Стефанова била уапсена за случајот „Рекет“, во кој осомничени се Бојан Јовановски, Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец.

„Ова Јавно обвинителство категорично ги демантира написите на некои медиуми во кои се тврди дека обвинителката Лиле Стефанова е уапсена вчера. Воедно апелираме до сите медиуми да не се објавуваат било какви информации, без претходно да бидат проверени“, велат од СЈО.

Лажна вест дека бил претресуван домот на Стефнова беше објавена и при апсењето на Боки 13 и Кичеец, кога беше одземен службениот телефон на Катица Јанева.

Можеби ќе ве интересира:

Лидерската средба ќе се одржи и без Мицкоски

Ден

Ако општина Охрид не почне со уривање, ќе и бидат одземени ингеренциите

Ден

Вечер: Спасовски се вози во запленето БМВ

Ден
UA-107222993-1