Ден

Јанева вели дека е чиста, но не најде време да одговори на прашањата

Специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева по отсуството во јавноста повеќе од една недела, денеска во изјава за медиумите кажа дека немала никаков удел во случајот „Рекет“.

„Во врска со индициите или неофицијалните информации кои се упатуваат на наводната моја вмешаност во случајот „Рекет“, ја користам оваа прилика да изјавам дека најдоговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвесно, ниту со сторување или несторување не сум ја злоупотребила должноста која во моментов се уште ја извршувам. Јавно ги охрабрувам правосудните органи до крај да ги расчистат сите околности за овој случај“, рече Јанева.

Обвинителката не остана пред новинарите да одговори зошто зела боледување, бидејќи во говорот рече дека иако можела да излезе пред јавноста, останала од дома да го слуша „линчот“ кон неа, но и како телефонот за кој тврдела дека е изгубен во Белград, сега е најден кај лице кое рекло дека истиот го добило како подарок.

Таа потврди дека имала близок однос со Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој е првоосомничен во случајот „Рекет“, но рече дека нејзиното име било злоупотребувано.

„Точно е дека јас, како и многу други лица кои во моментов се на различни државни функции се познаваме со лицето Бојан Јовановски. Никогаш не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ и дека заради описот на неговото работно место е на дневна основа во контакт со лицето. Но ова не значи дека некој стекнал право да ја злоупотребува мојата службена должност и овластување за евентуално да остварува одредени привилегии или да презема незаконски дејствија. Затоа очекувам низ една транспарентна правосудна постапка да се стави крај на сите неофицијални информации со кои некој се обидува да им наштети на мојата чест и углед“, рече Катица Јанева.

Пред заминување од говорницата, Јанева кратко искоментира „Јас сум чиста“. Не застана ниту на прозивките на новинарите дека имаат прашања, туку полека го напушташе холот на Специјалното јавно обвинителство, каде обвинителите ги држат прес конференциите.

Инаку за случајот рекет, 30 дневен притвор заработија Бојан Јовановски, Боки 13 и Зоран Милевски, Кичеец. Службениот телефон на Јанева беше земен за вештачење, како доказ за поврзаност помеѓу неа и осомничените, но истражителите не го најдоа нејзиниот приватен телефон, кој откако таа твдеше дека го изгубила во Белград беше најден кај лице во Македонија, кое тврдело дека го добило на поклон.

Можеби ќе ве интересира:

Јанакиески го прекинал штрајкот со глад заради терапијата која ја прима

Ден

Тасева: Постои соработка со МИОА, поканувам на инклузивен процес за пронаоѓање на решенија

Ден

Хрватски министер поднесе оставка: Работев во околности во кои станав мета

Ден
UA-107222993-1