Ден

Центарот за зависници ќе се растерети, нема да се дислоцира

Министерството за здравство ќе ги дисперзира зависниците од центарот за зависници во Кисела Вода, бидејќи метадонска терапија ќе се зема на четири места, наместо како до сега само во центарот за зависници. Најновото решение, кое министерот за здравство Венко Филипче вели дека е финално, предвидува метадонска терапија да се дава во душевната болница во Бардовци, но и во поликлиниките Ченто и Јане Сандански.

Филипче кажа дека следува отварање на центри и во Чаир, Ѓорче Петров и Шуто Оризари, но крајната цел е во секоја општина да има по еден центар, со цел целосна дисперзија.

Шприцеви во паркот пред Центарот за зависници во Кисела Вода

Во Кисела Вода се протестира повеќе од половина година, но градоначалникот Филип Темелковски иако вети дислокација, по се изгледа дека тоа ветување нема да биде исполнето.

Можеби ќе ве интересира:

(ВИДЕО) Ласовска: Дали Јанева не е во притвор зошто ја штити лично Заев?

Ден

Заев: Ќе останам запаметен како човекот кој го сменил името на земјата

Ден

Пендаровски: Нема да го амнестирам Заев ако направил кривично дело

Ден
UA-107222993-1