Ден

Јунајтед се договори со Манџукиќ, од Јувентус ја објавија и цената

Манчестер Јунајтед има усен договор со Марио Манџукиќ за негов трансфер во зимскиот преоден рок на „Олд Трафорд“, тврди Дејли Експрес.

Хрватот имал примамливи финансиски понуди од САД и Катар, но сакал да се пресели меѓу „црвените ѓаволи“ затоа што се уште може да игра на највисоко ниво во Европа.

Италијанскиот шампион Јувентус ја објавил цената за разделба со 33-годишниот напаѓач, а таа изнесува 10 милиони фунти.

Пред извесен период менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјаер изјави дека тимот со сигурност ќе се засили во нападот, откако во летниот преоден рок од екипата си заминаа Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, па тој нема алтернативи на Марсијал и Рашфорд.

Можеби ќе ве интересира:

Нејмар го чини ПСЖ еден милион евра за секој одигран натпревар

Ден

Агентот на Модриќ разговара за негов трансфер во Милан?

Ден

Ибрахимовиќ: Ноле, бр.1!

Ден
UA-107222993-1