Ден

Алијанса за Албанците: Изборите се добра вест

Добра вест е тоа што ќе има предвремени парламентарни избори и ја поздравуваме одлуката, рече портпаролот на Алијансата за Албанците, Флакран Беџети, кој додаде дека лидерската средба ќе биде прилика за усогласување меѓу партиите како да се одвива изборниот процес.

„По вчерашната вест дека нема датум за почнување на преговори со Европската Унија, денеска е добра вест дека премиерот Заев дал изјава во која вели дека треба да се оди на предвремени парламентарни избори. За нас како Алијанса на Албанците е прифатлива и ја поздравуваме. Се надеваме дека на утрешната средба лидерите на политичките партии ќе се согласат како треба да се спроведе целиот овој процес. Ние сме убедени дека на државата и треба нов политички легитимитет при што ќе дојдат политички сили што ќе имаат кредибилитет да ја сносат одговорноста и во најскоро време да се добие датумот кој, на некој начин, ги разочара сите наши граѓани“, рече Беџети.

Тој додаде дека новите избори се добри, бидејќи со тоа ќе има промена на власта. Како партија, сметаат дека ќе ја поразат Демократската унија за интеграција, кои подолго време се на власт.

„Ние како Алијанса за Албанците сме подготвени за предвремени избори со силно убедување дека ќе ги поразиме политчките противници, односно ДУИ, кои подолго време, две децении ги претставуваат гласачите Албанци, рече партискиот портпарол Беџети.

Можеби ќе ве интересира:

Заев: Не е точно дека ми се јавила Јанева пред да и го земат телефонот

Ден

Државјанин на С. Македонија обвинет за регрутирање борци на „Исламска држава“

Ден

Гаши: Што побрзо да има предвремени избори

Ден
UA-107222993-1