Ден

Партијата на Ципрас: Изборите во С. Македонија – потврда за недостигот на кредибилитет во ЕУ

Грчката опозициска партија СИРИЗА на Алексис Ципрас се јави со соопштение по најавата на премиерот Зоран Заев дека во Северна Македонија ќе има предвремени парламентарни избори. Според партијата на Ципрас, случувањата во Скопје само ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери.

„Случувањата во Северна Македонија ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери и недостигот на кредибилитетот на ЕУ. По отфрлањето на почеток на пристапни за Северна Македонија и објавување предвремени избори, некои во Грција, кои бесмислено зборуваа за штетен договор и за трампа со европејците, наскоро ќе молат да не биде избрана нивната братска партија ВМРО и да се стави во опасност Договорот од Преспа“, стои во соопштението на СИРИЗА.

Можеби ќе ве интересира:

Шекеринска: Би сакала ова да е држава во која судството и обвинителството функционираат перфектно

Ден

Амди Бајрам: Бев во бродот со ВМРО-ДПМНЕ, но откако Титаник потона, сум во другиот брод

Ден

Ахмети: Предвремените избори се најдобро решение

Ден
UA-107222993-1