Ден

Ахмети: Предвремените избори се најдобро решение

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на претставувањето на новото партиско раководство во Желино рече дека смета оти изборите се најдобро решение за државата, откако Европската Унија не даде зелено светло за отпочнување на преговори.

„Мислам дека најдоброто решение за нашата земја е да се оди на предвремени избори. Јас би сакал да не се бара вина бидејќи е неприфатливо да се прифати неправедна вина. Вината не се наоѓа кај земјите аспиранти и најдоброто решение е да се направи нова понуда за граѓаните“, рече Ахмети.

Тој смета дека не треба да се разочаруваме од недобивањето датум, туку да се организираме и да бидеме поуспешни во почнатите реформи.

„Зошто да ја прифатиме вината која ја немаме направено. Имаше и канцелари од цела Европа кои истакнаа дека грешката е во нив затоа што ние и Албанија ги исполнуваме сите барања на Европската Унија. Сите се согласија дека тоа се е договорено и оти треба да ги отвориме преговорите, но ние не сме тие што одлучуваме. Франција која не се согласи да даде зелено светло, поднесе една програма, опција што се обидува да ја инсталира и да ги промени политиките на ЕУ за земјите што сакаат да се придружат или отварат преговори. Останува задача на Унијата да дискутира за новата филозофиа која ја пружи оваа земја членка, истакна Ахмети.

Можеби ќе ве интересира:

Панчевски: Како партал бев избркан од судската зграда, слава на Заев и Шекеринска

Ден

(ВИДЕО) Ласовска: Дали Јанева не е во притвор зошто ја штити лично Заев?

Ден

(ВИДЕО) СДСМ тврди дека Мицкоски имал средби со Кичеец, ВМРО-ДПМНЕ негира

Ден
UA-107222993-1