Ден

Медведев: Подготвени сме да обезбедиме потребна помош за зачувување на суверенитетот на Србија

Не треба да се оди на исток или на запад, туку да се развива прагматична соработка, рече рускиот премиер Димитриј Медведев, кој беше во посета на Србија. Тој додаде дека Русија е против конфликтен пристап и се заблагодари на Србија за ставот да не се приклучи на санкциите кон Русија.

Медведев истакна дека тие ја поддржуваат Србија и се подготвени да ја обезбедат потребната помош за зачувување на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет. Тој додаде дека Русија се залага за мирно решавање на постоечките проблеми, врз основа на Резолуцијата 1244 на ООН.

Рускиот премиер се надева дека Европска Унија нема да и забележи на Србија затоа што потпишала трговски договор со земјите од Евроазиската економска унија (ЕАЕУ).

„Ние сакаме стабилен Балкан и соработка со сите земји на Балканот“, рече Медведев, кој додаде дека е многу важно да се зачуваат на националните интереси.

Можеби ќе ве интересира:

Протести во пет британски градови поради опасноста од климатска катаклизма

Ден

Партијата на Зеленски победува на парламентарните избори во Украина

Ден

Грчкиот министер за одбрана: Ако се почитува договорот од Преспа, може да имаме подобра иднина

Ден
UA-107222993-1