Ден

Турција: Уапсени 43 лица припадници на исламската држава

Турските власти денеска уапсија 43 лица кои се осомничени дека припаѓаат на таканаречената Исламска држава и планирале напади за време на одбележувањето на националниот ден на Турција, соопшти полицијата.

Осомничените се уапсени во Истанбул и северозападниот дел на турската провинција Бурса во три различни операции.

Како што се наведува во соопштението, се претпоставува дека тројца уапсени ги планирале нападите за време на одбележувањето на Денот на Републиката во Истанбул и дека антитерористичките единици откриле дека осомничените биле во контакт со лица кои требало да им обезбедат логистичка помош за нападот.

Според агенцијата Анадолија, 26 припадници на ИД се уапсени денеска во Бурса, од кои 12 Сиријци кои ќе бидат депортирани, додека 14 се задржани во полициска станица.

Апсењата се случија два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека лидерот на ИД Абу Бакр ел-Багдади е убиен во специјална операција на американските сили во североисточна Сирија, во близина на турската граница.

Во Турција денеска се одбележуваат 96 години од формирањето на секуларната држава, по распадот на Отоманската империја.

Можеби ќе ве интересира:

Телеком Косово пред банкрот

Ден

САД ќе испратат оклопни возила и борбени сили во источна Сирија за да ги одбранат нафтените полиња од Исламска држава

Ден

Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес ги осуди расистичките коментари на Трамп

Ден
UA-107222993-1