Ден

Сервер: Албанија и Косово целосно да заборават на идејата за „Голема Албанија“

Еден од најистакнатите познавачи на Балканот во Вашингтон, Даниел Сервер учествуваше на конференцијата „САД на Западен Балкан“, каде нагласи дека Албанија и Косово треба целосно да заборават на идејата за „Голема Албанија“, бидејќи тоа може да има дестабилизирачки и катастрофални последици.

Американскиот експерт за Балканот, во однос на одлуката од 18 октомври во врска со преговорите, истакна дека Франција и Холандија треба да се засрамат поради својот став кон Северна Македонија и Албанија, додавајќи дека тоа не треба да ја спречи Тирана да напредува и да продолжи да инсистира на членство.

– Оваа држава постигна фантастичен напредок, членка е на НАТО и кандидат за членство во ЕУ. Пред 22 години земјата беше во хаос, следејќи ги пирамидалните шеми. Тргнавте кон спектакуларен економски развој и ги исполнивте критериумите за отворање преговори, но политичките околности тоа го спречија. Франција и Холандија треба да се засрамат од тоа што им го направија на Северна Македонија и на Албанија, изјави Сервер.

Тој прашува „како да се одговори на големото доцнење во препознавањето на достигнувањата на кои Скопје и Тирана се гордеат“.

– Разбирам дека сте разочарани и фрустрирани, но тоа нема да ве придвижи напред. Одговорот е во посветеност кон реформите, вие и понатаму сте кандидат кој може да напредува дури и без т.н. преговори. Тие не треба да го одложуваат спроведувањето на европската правна рамка. Поголема корист има од реформите кои ќе се спроведат. Ова доцнење ќе го одложи евентуалниот влез, кој секако нема да се случи уште долги години, додадва Сервер.

Експертот смета дека „постојат две главни прашања, владеење на законот и политичко однесување“.

– Уморни сме од оние кои проповедаат владеење на законот, тоа ви е потребно не поради нас туку поради вас, вашите институции ќе бидат подобри, но ви недостасува култура на законитост, не е лесно и признавам дека и во Америка има недостатоци, но владеењето на законот мора да преовлада, заклучува Сервер.

– Прашање е дали Албанците ќе живеат во шест различни балкански земји или ќе се оспори територијалниот договор? Албанија и Косово ќе треба да бараат промена на границите. Вашингтон и Берлин тоа никогаш нема да го прифтат, би имало катастрофални и дестабилизирачки последици. Албанија и Косово мора да се погрижат за своите внатрешни проблеми за да одржат добри односи и да негуваат добри односи со Албанците кои живеат во другите држави. Франција и Холандија не можат да ве спречат да создадете таква Албанија и се надевам дека ќе направите вистински и мудар избор, нагласи Даниел Сервер.

Можеби ќе ве интересира:

Лажна дојава за бомби на аеродромите во Белград, Подгорица и Тиват

Ден

САД ќе испратат оклопни возила и борбени сили во источна Сирија за да ги одбранат нафтените полиња од Исламска држава

Ден

Грчкиот министер за одбрана: Ако се почитува договорот од Преспа, може да имаме подобра иднина

Ден
UA-107222993-1