Ден

По една година рехабилитација, Бен Афлек пак му се предаде на порокот

Откако неодамна 47-годишниот Бен Афлек се пофали на социјалните мрежи дека една година нема пиено алкохол, одлучи дека тоа треба да се прослави со забава.

Но, според „Мирор“, на таа забава тој повторно почнал да пие, се маскирал како костур и се влечел по улиците на Њујорк.

Она што папараците го забележале е дека тој едвај се држи на нозе и дека да не бил автомобилот да се потпре на него, сигурно ќе паднел. Пријатели на актерот пак, велат дека тој никогаш не бил зависник од алкохол, туку дека е само страствен уживател и дека и во изминатата година се случувало да се напие, пишува „Мирор“.

Оваа забава по повод Ноќта на вештерките била од хуманитарен карактер, во организација на УНИЦЕФ, каде Афлек често донира пари.

Следниот ден актерот е фотографиран со децата и поранешната сопруга Џенифер Гарнер, пред нејзината куќа. Тој наводно признал дека погрешил, но и дека нема да дозволи таа „страст“ да го уништи.

Можеби ќе ве интересира:

Хакери украле податоци од Руската служба за безбедност

Ден

Џеред Падалецки уапсен по физичка пресметка во Тексас

Ден

Меган Маркл и принцот Хари пред нов скандал: Си одиме од Британија

Ден
UA-107222993-1