Ден

Џеред Падалецки уапсен по физичка пресметка во Тексас

Ѕвездата од серијата „Натприродно“ Џеред Падалецки уапсен е во Остин, Тексас за расправија пред еден ноќен клуб. Како што е наведено во информацијата, Џеред бил снимен пред клубот „Стереотип“ , каде често е виден, како физички се пресметува со еден маж. Но наводно тој човек е негов пријател кој се обидувал да го смири Џеред, кој претходно во клубот се скарал со барменот во клубот и го удрил со бокс.


Откако полицијата го привела актерот кој бил видно поднапиен, го одвеле во затвор и му била изречена казна за навреда и напад во алкохолизирана состојба. Одредена била и кауција од 15.000 долари.


Актерот често престојува во „Стереотип“ , а според непотврдени информации тој е еден од сопствениците на клубот. Ова може да е вистина со оглед дека Падалецки заедно со Џенсен Еклс, колегата од серијата „Натприродно“, поседуваат неколку бизниси во тој дел од Тексас.

Можеби ќе ве интересира:

Меган Маркл и принцот Хари пред нов скандал: Си одиме од Британија

Ден

Предностите на турското кафе пред другите видови

Ден

По една година рехабилитација, Бен Афлек пак му се предаде на порокот

Ден
UA-107222993-1