Ден

Џака нема да им се извини на навивачите на Арсенал за неговото однесување

Капитенот на Арсенал, Гранит Џака одби да им се извини на навивачите за неговото однесување на натпреварот во првенството на Англија со Кристал Палас (2:2).

Навивачите го исвиркаа 27-годишниот играч од средниот ред кога беше заменет. Како одговор, Џака ја стави раката до уво, испровоцирајќи ги навивачите уште повеќе да негодуваат, а потоа, на патот кон соблекувалната, го соблече дресот и го фрли на тревникот.

Според „Сан“, тренерот на „топчиите“ Унаи Емери го замолил Џака да им се извини на навивачите, но тој не го сторил тоа.

Арсенал започна дисциплинска истрага за инцидентот.

Можеби ќе ве интересира:

Агентот на Модриќ разговара за негов трансфер во Милан?

Ден

Нејмар го чини ПСЖ еден милион евра за секој одигран натпревар

Ден

УЕФА ја казни Бугарската фудбалска федерација

Ден
UA-107222993-1