Ден

Интер очекува 110 милиони од продажба на Перишиќ, Икарди и Марио

Интер нема намера да ги врати тројцата позајмени фудбалери, Иван Перишиќ, Мауро Икарди и Жоао Марио и планира нивната продажба по завршување на сезоната. Хрватот Перишиќ е позајмен во Баерн Минхен, Аргентинецот Икарди е во ПСЖ, а Жоао Марио во Локомотив Москва.

„Нероазурите“ летоска ги продолжи договорите со нив со што си овозможи да заработи од нив, наместо да ги загуби како слободни играчи.

Италијанскиот клуб очекува приход од минимум 110 милиони евра од нивна продажба. Икарди веќе најави дека не сака да се врати во Интер, опишувајќи ги „светците“ како најдобри за кој што настапувал во кариерата.

Можеби ќе ве интересира:

УЕФА ја казни Бугарската фудбалска федерација

Ден

Азар: Не е лесно да се носи „7“ на дресот по Роналдо и Раул

Ден

Ибрахимовиќ: Ноле, бр.1!

Ден
UA-107222993-1